Станивуковиќ: Ѓинѓиќ е мојот пример, тоа што ги одзедов клучевите од сите службени автомобили е нормална работа

од Nikola Popovski
290 прегледи

Еден од најпопуларните млади политичари во регионот во моментот, градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ изјави дека пример на политичката сцена му бил поранешниот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ.

„Тој го туркаше нашиот народ напред со своите говори и работа. Неговата визија и работниот профил оставија силен впечаток врз мене, иако бев многу млад во негово време, но и денес повремено гледам на оние инспиративни интервјуа на Интернет“, вели Станивуковиќ во интервју за српскиот портал „Нова рс“.

За фотографијата со над 50 клучеви од службени автомобили што им ги одзема на вработените во градската управа на Бања Лука, градоначалникот вели со тоа ќе ги натера да го користат јавниот превоз.

„Им ги зедовме клучевите и тоа е нормално. Прераснавме во општество кое се чуди на нормалните појави. На пример, зачудено ми велат: „Тој е политичар, а тренира“. Ние сме навикнати на политичари, што јадат. Еве јас на пример, тренирам и не сум голем, па луѓето чудно ме гледаат. Некои луѓе околу мене неодамна на шега рекоа дека некои вработени работат приватни работи со службениот автомобил. Тие одат на патувања, крштевки, родендени… на сè – во службено возило. Па, не треба и не може да биде така. Одлучивме дека тие не можат да трошат бесконечна количина гориво, како што беше досега. Овие се мали нешта што испраќаат силна порака и тоа е повторно заштеда. Не е нешто големо, но може да се користи попаметно. Направив бројни мали измени и повеќе внимание посветувам на буџетот на Бања Лука отколку на мојот“, вели Станивуковиќ.

 

Слични содржини