197
Европската унија ги повика Белград и Приштина на состанок во Брисел, изјави денеска портпаролот на ЕУ, Петер Стано, и рече дека Унијата внимателно и со загриженост ја следи ситуацијата на северот на Косово.
Во изјава за „Танјуг“, Стано рече дека ги повика инволвираните страни да останат смирени и порача дека мора да престанат со сите „некоординирани и еднострани акции“, кои ја загрозуваат стабилноста и безбедноста на теренот и ја попречуваат слободата на движење.
„ЕУ беше и останува во близок контакт и со Косово и со Србија со цел да се смират тензиите, во тесна соработка со ЕУЛЕКС, КФОР и меѓународните партнери, особено со САД“, рече Стано.