176
Портпаролот на високиот претставник за надворешна политика, Петер Стано, денеска изјави дека ЕУ продолжува да работи на деескалација на ситуацијата на северот на Косово.
„ЕУ, заедно со своите партнери, продолжува да работи на деескалација, особено на северот на Косово, за да може да се обезбеди безбедна средина и слободно движење за сите граѓани“, рече Стано на прес-конференција во Брисел.
Тој посочи дека високиот претставник Жосеп Борел и специјалниот претставник Мирослав Лајчак се во постојан контакт со соговорниците во регионот и земјите членки, како и со сите важни актери и дека таа работа продолжува, како што рече во понеделникот високиот претставник.