Стано: ЕУ размислува да ја прекине финансиската помош за Грузија поради законот за странски агенти

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Европската унија размислува да ја прекине финансиската помош за Грузија откако во четвртокот стапи на сила законот за „странски агенти“, изјави денеска портпаролот на Европската комисија Петер Стано за „Европа Прес“.

Стано истакна дека ЕУ веќе замрзнала 30 милиони евра планирани за воена помош преку Европскиот мировен механизам, откако САД во јули престанаа да испраќаат помош од 95 милиони долари.

Тој рече дека усвојувањето на контроверзниот закон е „чекор назад“ кога станува збор за европската интеграција на Грузија, додавајќи дека блокот веќе ја намали соработката со Тбилиси, освен кога станува збор за решение на оваа ситуација.

Слични содржини