Стано: Европската унија не е надлежна за безбедносните гаранции за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Европската унија не може да обезбеди безбедносни гаранции за Украина бидејќи тоа не е во нејзина надлежност, изјави денеска портпаролот на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Петер Стано.

„Ние не сме безбедносна организација, така што дискусиите за безбедносните гаранции се дискусии за НАТО и за одделни земји, но не и за ЕУ ​​како организација“, рече тој на брифингот со новинарите во Брисел.

Тој додаде дека ЕУ го поддржува Киев во неколку области, вклучително и војската, што, како што рече, се рефлектира во испраќањето оружје за одбрана на Украина од руската агресија, но дека кога станува збор за безбедносните гаранции, таа може само да ги поддржи.