ЕУ и 27-те земји-членки ја повикуваат Приштина да ги почитува сите процедурални чекори при назначувањето министер кој доаѓа од немнозинска заедница и дека именувањата на министрите се во согласност со уставот на Косово, изјави денеска портпаролот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Петер Стано, и додаде дека именувањето на Ненад Рашиќ е разочарување за нив, бидејќи не го исполнува она што е предвидено со уставот.
„Многу јасно кажавме за именувањето на Ненад Рашиќ за министер дека е од витално значење сите министерски назначувања да бидат во согласност со уставот на Косово. ЕУ и 27-те земји-членки го повикуваат Косово да ги почитува сите процедурални чекори при назначувањето министер кој доаѓа од немнозинска заедница.Тоа треба да се почитува“, рече Стано на прес-конференцијата.
Тој изјави дека ова назначување е разочарување за нив бидејќи не го исполнува она што го бара уставот, а за тоа треба да одлучува Уставниот суд на Косово.
„Почитувањето на уставот е клучно барање и очекуваме Косово да го почитува“, посочи Стано.