Стано: Ја следиме ситуацијата со уапсените полицајци

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека Брисел внимателно ја следи ситуацијата околу апсењето на тројца членови на косовската полиција, дека е во контакт со двете страни, како и со КФОР и дека е утврдено што и како се случило.

„Во меѓувреме, ги повикуваме Косово и Србија да се воздржат од какви било активности кои би довеле до зголемување на тензиите. Во исто време, ги повикуваме двете страни да работат на деескалација на ситуацијата“, рече Стано на конференцијата.

Тој додаде дека потенцијалните казнени мерки за кои се зборува всушност не се санкции, туку, како што рече, се инструменти за Брисел да покаже дека очекува деескалација и да реагира доколку не дојде до деескалација.

Слични содржини