117
Специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, ќе престојува во официјална посета на Србија на 13 и 14 март, изјави денеска портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
Лајчак доаѓа во Белград по посетата на Приштина на 9 и 10 март.
Стано посочи дека процесот на дијалог е на половина пат и дека намерата на ЕУ е Белград и Приштина на крајот од процесот да потпишат правно обврзувачки и сеопфатен договор за нормализација на односите.