241
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во наредните денови ќе ги посети Белград и Приштина, најави денеска за „Танјуг“ портпаролот на Европската унија Петер Стано.
Стано рече дека ова е посета која е дел од редовните активности на Лајчак.
Се очекува за време на посетата да се разговара за смирување на тензиите на северот на Косово и за продолжување на дијалогот.