88
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, потврди дека утре во Брисел ќе се одржи средба на главните преговарачи во дијалогот меѓу Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими и изјави дека имплементацијата на Охридскиот договор ќе биде на дневен ред.
Стано на брифинг со новинарите во Брисел ја потврди новата рунда дијалог, пишува косовскиот онлајн портал.
„Утре во Брисел ќе се одржи нов состанок на ниво на главни преговарачи. Агендата е начин да се вратиме на имплементацијата на Охридскиот договор и секако да се разговара за проблемите кои го попречуваат нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија“, рече Стано.