212
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, денеска коментирајќи ја ситуацијата на Косово, изјави дека е најважно Белград и Приштина да преземат конкретни чекори за деескалација на ситуацијата на терен.
Тој ги повика двете страни да работат на одржливо решение и додаде дека платформата за тоа е дијалог со посредство на Европската унија.
„Секогаш сме подготвени да бидеме домаќини и да повикаме на средба меѓу претседателот Вучиќ и премиерот Курти, кога ќе се исполнат условите и кога двајцата ќе се договорат“, рече Стано на прес-конференцијата.