Стано: Партнерите да не купуваат украдено украинско жито од Русија

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Денеска Европската унија ги повика сите партнери во светот да го проверат потеклото на храната што ја купуваат од Русија и да не прифаќаат ништо што наводно е украдено од украинска територија.

„Знаеме дека Русија, пред да уништи, краде и залихи на украинско жито. Знаеме и дека тие се обидуваат да извезат украдено жито, како што беше случајот со Египет, кој одби“, рече портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Стано на прес-конференција во Брисел изјави дека ЕУ не е воена алијанса за да може да го контролира извозот преку Црното Море, но може да пристапи и до информации и да ги информира партнерите ширум светот за обидите на Русија да извезува украдено жито на светските пазари.

Слични содржини