Портпаролот на Европската комисија за надворешна политика и безбедност, Петер Стано, рече дека „сега е клучно двете страни да избегнат ескалација, која бара итни активности од двете страни – Косово да не почне да издава казни и Србија да не издава нови таблички КМ. “.
„Секое тврдење дека ЕУ се откажува од предлогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, поддржан од Германија, Франција и САД, се неточни. ЕУ продолжува целосно да стои зад овој предлог и ги охрабрува двете страни да се согласат со текстот штом ќе бидат подготвени да и докажат на меѓународната заедница дека се способни да ги прифатат европските решенија. Сега е клучно двете страни да избегнат ескалација, која бара итни активности од двете страни – Косово да не почне да издава казни и Србија да не издава нови таблички КМ. Не може да има преговори за нормализација со присутна закана од насилство“, се вели во соопштението на Стано.