154
Портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано, за новинарите во Брисел кусо одговори дека нема коментар од страна на дипломатската служба на ЕУ по информацијата дека две руски ракети усмртија две лица во Полска.
– Нема да коментираме за тоа што се случи во Полска додека Полска не ја сподели својата проценка за тоа што се случи на Полска територија, рече Стано преку порака.
Тој истакна дека високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, е во контакт со полската дипломатија за да добие повеќе детали