295
Подгоричкиот времеплов редовно прикачува видеа од несреќи и инциденти од црногорските плажи, а моментално најголемо внимание привлекува видеото на кое стаорец трча по пешкири и напаѓа луѓе.
Не се прецизира за која плажа се работи, иако коментаторите веќе шпекулираат, обвинувајќи ги капачите кои оставаат отпад зад себе, но и надлежните служби.
Многумина се згрозени од посетата на непоканетиот гостин, додека за други видеото било инспиративно за шега на темата, пренесува „Нова“.