Стапил во емотивна врска со девојка, а потоа ја принудавал на проституција

од Milan1
711 прегледи

Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Службата за организиран криминал на УКП, ги уапсија членовите на криминалната група С.С.(46), П.Д.(25) и Ѓ. Л Ј. (29), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело трговија со луѓе.

Тие се осомничени дека од февруари до јуни годинава, искористувајќи ги тешките услови во кои живеела, регрутирале 20-годишна девојка да се занимава со проституција, за да се стекнат со противправна финансиска корист.

– С.С. најпрвин стапил во емотивна врска со оштетената за да влијае на нејзината свест и волја и на тој начин ја регрутирал да се занимава со проституција, а потоа ја ангажирал Ѓ. Љ., кој, како што се сомнева, на интернет рекламирал давање сексуални услуги, додека осомничениот П.Д. ја превезувал оштетената и ја предал на корисници на сексуални услуги. Вака стекнатите пари ги презел С.С. ,информираат од српски МУП.

Полицијата при претрес на становите на пријавените пронашла повеќе мобилни телефони и сим-картички, како и помала количина бела прашкаста материја која била испратена на вештачење.

С.С., П.Д. и Ѓ. Л Ј. им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Слични содржини