Стара фотографија на Ким Кардашијан ја разнесе мрежата

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Вчера мајката на Ким Кардашијан, Крис Џенер, одлучи да сподели трогателен пост во Инстаграм, со кој сакаше да покаже колку се променила нејзината ќерка по сите хируршки интервенции.

На сликата Крис изгледа одлично и гледаме дека со годините, таа речиси не е променета, но воопшто не можеме да го кажеме истото за нејзината ќерка.

Џенер е исто толку млада и убава, колку во далечната 1997 година, а Ким – како да е друг човек.

Под сликата, Крис пишува дека ова е убаво сеќавање и дека таа е многу горда мајка.

#us 1997 throwback….the best memories #proudmama

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner) on

Ким, од своја страна, објави многу помалку компромитирачка слика за неа од 2007 година. Идната реалити ѕвезда тогаш работеше како хостеса во ноќен клуб во Лас Вегас, и нејзината промена во изгледот очигледно веќе започнала.

На сликата Ким ги покажува своите форми во бел предизвикувачки фустан. Секако, не недостасуваат огромни блескави скапоцени камења, кои Кардашијан многу ги сака.

Во текот на овој период, Ким почна да работи како моден стилист за Парис Хилтон.

Само неколку години подоцна таа стана една од најдискутираните ѕвезди во светот.

Слични содржини