Старата актерска екипа на „Луди седумдесети“ повторно се собира- ќе недостасува само едно име

од Stefanija Kuzmanovska
367 прегледи

Ештон Качер, Тофер Грејс, Мила Кунис, Лора Препон и Вилмер Валдерама ќе се појават во продолжението на култната серија „Луди седумдесети“, која ќе има 10 епизоди како што беше претходно најавено и ќе се емитува на Нетфликс под името „Луди деведесетти“.

Hollywood reporter објави дека сега и официјално е потврдена информацијата дека хероите од оригиналната постава склучиле договори и дека ќе се појават во серија во која улогите на Кити и Ред Форман ќе ги повторат Куртвуд Смит и Дебра Џо Рап.

Единствениот член на „веселото друштво“ кога публиката нема да го гледа во продолжението е Дени Мастерсон, кој се соочува со три обвиненија за силување.

Новата серија „Луди деведесети“ ќе ја следи Леа Форман, ќерката на Ерик и Дона, која е на гости кај баба ѝ и дедо ѝ за време на летните одмори. Таа ќе се поврзе со нова генерација млади луѓе од Поинт Плејс, но нејзиното однесување, се разбира, секогаш ќе биде под будното око на Кити и Ред.

Како што беше претходно најавено, Кали Хаверда ќе ја игра Леа Форман.

Слични содржини