203
Компанијата Starbucks Corp во вторникот објави дека ги суспендира сите деловни активности во Русија и дека околу 130 кафулиња што го носат неговото име ќе бидат затворени, откако претходно слична одлука донесе и McDonald’s.
Alshaya Group со седиште во Кувајт, која има лиценца да работи во Русија, „се согласи веднаш да се запре работата… и ќе обезбеди поддршка за речиси 2.000 партнери во Русија чии средства за живот зависат од Starbucks“, рече извршниот директор Кевин Џонсон.
Starbucks најави и дека ќе престане да испраќа производи во Русија.
McDonald’s претходно во вторникот објави дека привремено ги затвора сите 850 ресторани во Русија како одговор на руската инвазија на Украина.