Шкотската прва министерка Никола Старџен изјави во Единбург дека уште во првата половина на идната година би можело да биде организиран втор референдум за независност на Шкотска, доколку тоа биде потребно.
Во интервју за Би-Би-Си-Скотланд, Старџен рече дека тоа би можело да се случи доколку британската Влада почне преговори со ЕУ за раздружувње без претходно да се обезбеди „сигурна позиција“ за Шкотска.
Според првата министерка, можна е и ситуација во која Шкотска би останела дел од Велика Британија, но и од ЕУ, без разлика што остатокот од Обединетото кралство ќе ја напушти Унијата.
– Доколку Британија во декември годинава го отвори членот 50 за раздружување, а во тоа не биде вклулчена и шкотската влада, тогаш ние ќе ги започнеме подготовките за нов референдум за независност, вели Старџен.
Таа нагласи дека тоа засега е само една од опциите, но додаде дека мора да има опција која ќе ги респректира шкотските гласачи, кои на референдумот од 23 јуни се определија против Брегзит.
– Подготовките за нов референдум за незавсност ќе започнат доколку работите (околу изтапувањето на Британија од ЕУ) не се во најдобар интерс за Шкотска и за нејзните граѓани, инсистира Страџен, објаснувајќи дека Шкотланѓаните во такви услови ќе треба да одлучат дали сакаат да останат во една таква Велика Британија надвор од Унијата.
Во интервјуто, шкотскиот прв министер откри дека во текот на својата посета на Брисел, веднаш по референдумот за ЕУ во Британија, имала мошне корисни и отворени разговори, во кои, според неа, Шкотска добила големи симпатии за новата позиција во која се најде земјата.