Старец со пушка ја крена на нозе полицијата во Белград

од Илинка Илиоска
109 прегледи

Специјалните единици и полицијата го блокираа булеварот „Крал Александар“ во центарот на Белград, во потрага по маж пријавен дека носи пушка.

Според неофицијални информации, нешто по 13 часот, граѓаните забележале маж со пушка на улицата и веднаш пријавиле во полиција.

– Мажот беше пронајден и утврдено е дека со себе носел воздушна пушка. На полицијата им рекол дека ја носи по улица затоа што планирал да ја предаде на полицијата – пренесоа српските медиуми.

Дежурниот обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград нареди поднесување прекршочна пријава против 76-годишен старец за незаконско носење воздушна пушка.

Слични содржини