321
Гувернерот на аргентинската провинција Буенос Аирес, Аксел Кицилоф на својот Твитер профил објави видео од баба која игра по вакцинирањето.
Како што може да се види, по приемот на вакцината, бабата заигра на воодушевување на присутните.
„Слободата не е да престанете да се грижите за себе, слободата е вакцината“, им порача гувернерот на граѓаните обидувајќи се да ги убеди да се вакцинираат против коронавирусот.
Според локалните медиуми, повеќе од 2,9 милиони дози вакцини биле дадени во Аргентина, претежно во провинцијата Буенос Аирес.
Libertad no era dejar de cuidarse, la libertad es la vacuna.#BuenosAiresVacunate pic.twitter.com/ldzKwuSaP9
— Axel Kicillof (@Kicillofok) March 19, 2021