221
Почнувајќи од следната недела, повеќе сателитски терминали на „Starlink“ на компанијата SpaceX ќе бидат достапни во Украина. Ова го договорија украинскиот претседател Володимир Зеленски и милијардерот Елон Маск, извршен директор на „SpaceX“.
„Starlink“ е единствениот неруски комуникациски систем кој сè уште работи во некои делови на Украина од почетокот на руската инвазија.
„Разговарав со Елон Маск. Благодарен сум му за поддршката за Украина со зборови и дела“, напиша Зеленски на Твитер.