„Старлинк“ има клучна улога во конфликтот меѓу Русија и Украина, Маск спречил страшна катастрофа

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Минатата година Елон Маск беше обвинет дека објавил мировен предлог „про-Кремљ“, во кој сугерирал дека Украина треба да одржи референдуми за суверенитет организирани од Русија во регионите што ги припоила.

За време на преговорите на „Старлинк“, Маск им кажал на претставниците на Пентагон дека лично разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.

Американскиот милијардер одговори и на обвинувањата дека извршил велепредавство затоа што не дозволил вооружените сили на Украина да ја користат сателитската мрежа „Старлинк“ за напад на руската Црноморска флота.

– Јас сум државјанин на САД и го имам само тој пасош. Што и да се случи, ќе се борам за Америка и ќе умрам за неа. Американскиот Конгрес не и објави војна на Русија. Ако некој е предавник, тоа се тие што ме нарекуваат така – напиша Маск на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), коментирајќи ја објавата во која се наведува дека одбивањето на барањето на Украина да го активира „Старлинк“ е „некаква форма на велепредавство“.

Политикологот Ерл Расмусен ја коментираше намерата на Маск да му даде на Пентагон контрола врз дел од „Старлинк“.

Тој рече дека откако системот бил затворен над Крим, Маск добил барање од Украина да продолжи да работи. Но, ниту Украина ниту САД не би му платиле за ова.

„Маск знае дека ако системот се обнови, ќе започне целосна ескалација, нападите од Украина ќе бидат поуспешни. Маск е свесен дека неговиот систем игра клучна улога во овој конфликт, ја спречи можноста за страшна катастрофа“, изјави Расмусен.

Слични содржини