Во разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер потврди дека британската влада ќе „продолжи да ги спроведува“ плановите за евакуација на децата од Појасот Газа и воздушен транспорт на помош до окупираната палестинска енклава за ублажување на она што тој го нарече „ужасна“ ситуација.
Во разговорите со Макрон и Мерц, британскиот премиер ги истакна намерите на Обединетото Кралство да соработува со Јордан за спроведување на овие планови, објавува Гардијан.
Тројцата лидери се согласија тесно да соработуваат на спроведувањето на планот, кој ќе „го отвори патот за долгорочно безбедно решение во регионот на Блискиот Исток“.