Стармер: Не му верувам на Путин

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека не му верува на Владимир Путин, за кого верува дека повторно би нападнал доколку му се укаже шанса. Токму затоа, нагласи Стармер, од клучно значење е да се обезбедат „безбедносни гаранции“ за Украина.

Стармер рече дека му верува на украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и на американскиот претседател Доналд Трамп. На прашањето на Би-Би-Си дали Зеленски „направил нешто лошо“, Стармер одговори дека не направил, додавајќи дека Зеленски храбро ја водел својата земја откако Русија започна голема инвазија во февруари 2022 година.

Иако Трамп често испраќа остри пораки и покажува дистанца кон Зеленски, Стармер верува дека Трамп сепак сака траен мир во Украина.

„За тоа се согласуваат сите, освен Путин“, изјави Стармер за Би-Би-Си.

Под „траен мир“, Стармер подразбира американска поддршка за Украина, безбедносни гаранции од европските држави и силна Украина опремена со одбранбени капацитети кои ќе и овозможат да се спротивстави на руската агресија.

На Америка ќе и претставиме мировен план

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека по разговорите со Володимир Зеленски, Доналд Трамп и Емануел Макрон, постигнат е договор дека Велика Британија, Франција и „веројатно уште една или две земји“ ќе работат со Украина на план за запирање на војната.

Стармер најави дека овој мировен план наскоро ќе им биде претставен на САД.

Слични содржини