Стармер од Тирана: Путин го кочи мирот, санкциите се неопходни

од Марта Пешевска
25 прегледи

Британскиот премиер Кир Стармер денеска од Тирана изјави дека однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин е главната пречка за прекин на огнот во Украина. Според него, Путин продолжува со агресијата и го попречува мировниот процес, што, како што рече, е уште една причина за зголемени санкции против Русија.

На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, Стармер посочи дека Украина е подготвена за прекин на огнот, но Русија одбива да соработува, што се покажа и со денешното неучество на Путин на мировните преговори во Турција.

Рама, пак, истакна дека Албанија нема никаков интерес за блиски односи со Русија и ја повтори цврстата поддршка за Украина. Во свој стил, тој на прашање за можни мигрантски центри во Албанија одговори: „Ние сме верни на бракот со Италија, останатото е љубов“.

Стармер додаде дека британската Влада сака да го прошири моделот на центри за реадмисија, каков што веќе функционира со Албанија, и дека досега се вратени 24.000 албански граѓани кои нелегално влегле во Велика Британија. Двајцата премиери нагласија дека посетата на Стармер, прва од страна на британски премиер во Албанија, е доказ за силното партнерство меѓу двете земји.

Слични содржини