Британскиот премиер Кир Стармер за време на разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Велика Британија е подготвена да „распореди свои сили во Украина“ во случај на прекин на непријателствата, објавија британските медиуми.
Стармер и Зеленски разговараа за тековните активности на „коалицијата на волните“ и подготовките за распоредување на мултинационални сили во Украина во случај на прекин на непријателствата, објави канцеларијата на британскиот премиер, според весникот „Гардијан“.
„Велика Британија останува подготвена да распореди свои сили на терен за да го заштити Киев доколку има прекин на непријателствата“, потврди официјалниот портпарол на британскиот премиер.