Стартува пилот програмата за сексуално образование во основните училишта

397 прегледи

Како што најави Министерството за образование и наука, денес започнува пилот програмата за сеопфатно сексуално образование во С.Македонија, преку обука на наставниците.

Според МОН воведувањето на ваквата програма во основните училишта, ќе доведе до унапредување на родовата еднаквост за која е заснован проектот, но и за превенција од сексуално вознемирување и насилство. Исто така, оваа програма ќе опфати пренесувања на знаења врзани за заштитата, однесувањето и предизвиците кои доаѓаат заедно со периодот на адолесценција и пубертет.

Неодамна министерката за образование и наука, Мила Царовска соопшти дека пилот програмата ќе опфати две урбани и две рурални училишта, чија настава е и на македонски, но и на албански јазик.

Бирото за развој на образованието, невладината организација ХЕРА, меѓународните организации УНЕСКО, УНДП, СЗО, УНФПА се дел од учесниците во овој проект.

Како што најави ХЕРА, првиот дел од обуката за наставници ќе се одржува од денеска до 4 декември во хотелот „Александар палас“, а вториот дел ќе биде онлајн.

Слични содржини