СТАВЕТЕ КРАЈ НА ЛОШАТА НАВИКА: Еве како да престанете со честото допирање на лицето, што воопшто не е добро!

од Vladimir Zorba
417 прегледи

Сите имаме лоши навики и колку подолго ги повторуваме, потешко е да се искоренат. Некои навики се целосно безопасни, но има и такви кои можат да ни наштетат. Честото допирање на лицето е едно од нив.

Природно е луѓето да го допираат лицето. Истражувањата покажуваат дека едно лице го допира лицето во просек 23 пати за еден час! Верувале или не, бебињата го прават истото додека се уште се во матката.

Допирањето на лицето често има улога на опуштање или смирување, а тоа е тесно поврзано со нашите емоции. Сепак, сега е време кога треба да бидеме свесни за овие реакции и да ги сведеме на минимум, бидејќи токму така се пренесува вирусот.

1. Пред сè, обидете се да ја подигнете свеста за овој рефлекс и да поврзете во кои ситуации го правите тоа. Можеби сте вознемирени или можеби го правите тоа за време на некоја друга активност, како на пример пиење утринско кафе, возење автомобил или „скролање“ на Инстаграм. Ако сè уште го правите тоа потполно несвесно, замолете некој друг да ве анализира и да ви посочи конкретни ситуации кога ќе забележи дека го правите тоа.

2. Треба да направите неколку промени во некои други дејства, што ќе ја намали потребата да го допрете лицето. На пример: Носите очила наместо леќи за да не можете физички да им приоѓате на очите; Носите помалку шминка за да не мора да ја поправате во текот на денот; Врзете ја косата за да не паѓа на лицето и да ја тргате секој час.

3. Следното што можете да го промените е да ги вработите рацете. Набавете еден од оние гаџети како „Fidget Spiner“ На тој начин вашите раце секогаш ќе бидат окупирани, а прстите многу поретко ќе одат во насока на лицето.

4. Друга опција е да ги подмачкувате рацете со природен производ кој има интензивен мирис. Етеричното масло, на пример, е одлично. Исто така, има силно дезинфекционо дејство (само внимавајте на очите затоа што може да ве пече) и кога ќе ви дојде силен мирис на носот, веднаш ќе се тргнете и ќе ја спуштите раката.

Веруваме дека ќе успеете да се справите со оваа лоша навика и да го зачувате вашето здравје.

Слични содржини