Ставриќ: По случајот со морбили кај 12-годишно дете, невакцинираните ќе се повикуваат на вакцинација

од Milan1
37 прегледи

По случајот со морбили кај 12-годишно дете од Долно Коњаре во Општина Петровец, епидемиолошките служби и Институтот за јавно здравје ќе реагираат со пребарување на невакцинирани лица, со кампањи и одење на терен, како и во училиштата на таа територија, најавува проф. д-р Кети Ставриќ, имунолог и член на Комисијата за имунизација.

Во гостување на ТВ Сител, проф. д-р Ставриќ вечерва рече дека тоа ќе се прави за да се спроведе директна вакцинација и да се вакцинираат сите деца кои не се вакцинирани, но и да се поканат под итно на вакцинација децата на помала возраст кои ја имаат пропуштено.

Во однос на тоа колку е голем ризикот 12-годишното дете да ја проширило заразата, посочи на релативно нискиот опфат со имунизација во Скопје.

-Постои многу висок ризик децата кои не се вакцинирани да дојдат во контакт со ова дете кое веројатно било и во болници, лаборатории, бидејќи се правеле анализи. Тие што не се вакцинирани, доколку дошле во контакт со него може да заболат, рече Ставриќ.

Слични содржини