Стечајот на Фени под лупа

од Vladimir Zorba

Штетата од незаконскиот стечај на Фени е поголема од штетата од проектот „Скопје 2014“, вели првиот човек на Транспаренси интернешнал Македонија Слаѓана Тасева. Таа денеска побара од стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска да го отфрли планот за реорганизација на комбинатот, поднесен од Џи сол, оти е пробиен законскиот рок за негово доставување. Тасева ги повика обвинителството, финансиската полиција и судскиот совет да ги испитаат сите незаконитости во стечајната постапка на Фени, пишува 24 вести.

„Во планот за реорганизација на Фени стои дека Џи сол е фонд, а видовме дека договорот претходно беше распишан за компанија која што има силно искуство и референци во работата со феро никел. Со планот се предвидува и една цела група доверители да не биде надоместена и ќе останат без ништо“, вели Слаѓана Тасева – претседателка на ТИ Македонија.

Информациите изнесени од Слаѓана Тасева се паушални и единствено служат за дефокусирање од фактичката состојба, вели стечајниот управник Мирослав Анастасиевски. Тој ваквите постапки ги оцени како директно мешање и медиумски притисок на водењето на стечајната постапка.

 

„Слаѓана Тасева кога веќе го цитира моето изјаснување по поднесениот план за реорганизација, требала тоа да го направи во целост, а не да си зема за право да манипулира со текстот со пренесување на селективни и делумни информации со цел да ја испревртува вистината“ – Мирослав Анастасиевски – Стечаен управник на Фени.

Слични содржини