Лидерот на шведската Социјалдемократска партија, Стефан Левен беше реизбран за премиер на денешното гласање во парламентот на земјата.
За Левен гласаа 117 пратеници во парламентот, кој има 349 места, додека 58 беа воздржани, пренесува АП.
Пратениците од партиите на центарот и левицата беа воздржани од гласањето, што го трасираше патот до победата на Левен.
За него гласаа Социјалдемократската партија на Левен, Зелените и еден независен пратеник.
Левен, 63, рече дека ќе формира двопартиска влада со Зелените.
Тој се повлече од функцијата премиер минатиот месец откако изгуби гласање за недоверба, потсетува Ројтерс.
Левен пред една недела повторно доби мандат да се обиде уште еднаш да формира нова влада, откако тогашниот кандидат за нов премиер на Шведска, ултрадесничарот Улф Кристерсон, објави дека ќе се откаже од обидот за формирање влада по пад на левоцентристичката влада.