Претседателот на српската Левица, Борислав Стефановиќ соопшти вечерва дека министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ треба да се запраша самиот и уште еден поранешен член на Социјалистичката партија во Србија- зошто не е затворена амбасадата на Србија во Либија пред 5 години?

Фото- E. Čonkić / RAS Srbija
– Изгледа дека Дачиќ за 25 години од воведување на повеќепартискиот систем, односно 22 години колку што е на власт, никогаш не одгвоарал за ништо и никогаш не знаел дали бил виновен за нешто. Денеска му се некои други луѓе криви, така ќе биде и утре, кога нема да биде дел од коалицијата со Вучиќ, иако константно се понижува само за да го смени тоа, Вучиќ ќе му биде крив за се, соопшти Стефановиќ.

Реагирајќи на соопштението од Дачиќ, Стефановиќ наведува дека Дачиќ ќе каже дека не се намалени платите и пензиите, ја кренал цената на струјата или продавал земјиште на странците со директна спогодба, како што тоа не било со потпретседателот на владата задолжен за надворешни работи, Мирко Цветковиќ, како што нема врска и со затворањето на амбасадата во Либија.
Според него, Дачиќ нема врска со фактот дека негов член е амбасадор баш во Либија.
– Јавноста чека одговори, како и причните зошто и под кои околности дошло до трагедија и не сака уште едно префрлување на топката во туѓи дворишта, вели Борислав Стефановиќ