Стефковски од автобус на ЈСП: Ќе има полициски патроли до целосно надминување на проблемите

од Nikola Popovski
219 прегледи

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека попладнево лично имал можност заедно со преставници на полициската станица од општа надлежност Гази Баба да патува со автобусот на ЈСП Скопје со број 65 од Автокоманда до Стајковци.

-Се сретнав со средношколци но и граѓани со кои разговаравме по однос на немилите настани кои минатата недела се случуваа во овој автобус и мојата порака до сите беше: насилството мора да запре!, порача градоначалникот.

Тој порача дека полициски патроли ќе има во автобусите се до целосно надминување на ваквите проблеми.

-Моето лично учество во денешната патрола е со цел уште еднаш јасно да ја потврдам мојата решителност како градоначалник на општина Гази Баба за тоа дека вакви настани во иднина нема да дозволиме да се случат! Секоја институција ќе ги исполнува своите надлежности и само тогаш системот целосно ќе функционира, навести Стефковски.

Слични содржини