366
Три урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план во Гази Баба добија решение за запирање на постапката за одобрување, информираат од општината.
– Во изминатите неколку дена заедно со стручни лица од областа на урбанизмот и заштитата на животната средина спроведовме ревизија на постапката и содржината на три урбанистички проекти, по што утринава потпишав Решение за запирање на постапката за одобрување на три урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план, соопшти градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.