Завод и Музеј – Битола започна со конзерваторско – реставраторски работи на архитектурата на црквата Св.Ѓорги во Курбиново.
Министерката за култура Ирена Стефоска вчера вечер на својот Фејсбук профил напиша дека ова е прва посериозна интервенција, по речиси три децении, за заштита на непроценливото културно наследство од 12 век.
Во денешното гостување на Слободна Тв, министерката потенцираше дека средствата се обезбедени, но ека проекти за конзервацијата на фреските се уште не е подготвен. Исто така, посочи и дека повторно е актуелизира нешто од 2017. година, кое и тогаш било предложено да биде културно добро во опасност.
„Обезбедените средства се прво наменети за заштита на црквата Св.Ѓорги во Курбиново бидејќи отпочнати е конзервацијата на архитектурата на црквата, превентивната заштита на фреските е направена, надзорот е обезбеден, но, проект за конзервација на фреските се уште не е подготвен. Од тие причини, заедно со музеј Битола и со постоечките кадровски потенцијали во земјава, а пред се, јас како прв човек на МК и екипата, тимот работиме интезивно да обезбедиме и странска поддршка, т.е експертиза коишто ќе се вклучат заедно со домашните експерти во подготовка на проектот за конзервација“, истакна Стеофска и додаде:
„Уште во 2017г. управата за заштита на културно наследство иницирала ова културно добро (Св.Богородица, Матејче) да биде ставено како културно добро во опасност повторно се актуелизира таа процедура и колку што сум информирана нац.конзерваториум и управата работат на тоа исто како и во случајот на црква Св.Ѓорги во Курбиново бидејќи ставањето според законската можност на едно културно добро во опасност подразбира мобилизација на сите ресурси во државата, финансиски, кадровски, вклучително и странска експертиза“.