Стејт департмент: Белград и Приштина да се воздржат од зголемување на тензиите

од Vladimir Zorba

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека САД остро ги осудуваат, како што наведе, „координираните насилни напади“ врз косовската полиција во Бањска на 24 септември и ги повика Белград и Приштина да се воздржат од какви било дејствија или реторика што би можеле дополнително да ги поттикнат тензиите.

„Значи, најнапред, најостро ги осудуваме координираните насилни напади врз косовската полиција. Изразуваме длабоко сочувство до семејството на наредникот на косовската полиција кој загина за време на службената должност. Сторителите на ова злосторство мора да одговараат преку транспарентен истражен процес.Ги повикуваме владите на Косово и Србија да се воздржат од какви било дејствија или реторика кои би можеле дополнително да поттикнат тензии и веднаш да работат во координација со меѓународните партнери за деескалација на ситуацијата, обезбедување безбедност и владеење на правото и враќање на дијалогот со посредство на ЕУ“, рече Милер на прес-конференција.

Во селото Бањска ноќта меѓу саботата и неделата дојде до судир меѓу локалните Срби и косовската полиција, при што загинаа четворица Срби и еден полицаец.

Слични содржини