Стејт департмент: Четири руски интернет-платформи шират дезинформации за вакцините

од Nikola Popovski
243 прегледи

САД ги обвинија руските разузнавачки служби за ширење дезинформации за вакцините против коронавирус.

„Можеме да потврдиме дека Глобалниот центар за соработка (во Стејт департментот) идентификуваше четири руски интернет-платформи кои работеле под раководство на руските разузнавачки служби и ширеле дезинформации. Овие страници содржеа дезинформации за две вакцини одобрени во нашата земја (од медицинскиот регулатор) од ФДА“, рекол портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на брифинг.

Прајс додал дека „јасно е дека Русија им се врати на старите трикови и со тоа потенцијално ги загрози животите на луѓето ширејќи дезинформации за вакцините за кои знаеме дека спасуваат животи на луѓето … Знаеме дека Русите се вклучени во ова веќе некое време“.

Портпаролот, сепак, не обезбедил докази за интернет-платформите за кои САД се сомневаат дека шират дезинформации.

Претходно, американскиот весник „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори во американската влада, напиша дека се откриени написи во кои се критикуваат западните вакцини кои предизвикуваат сомневање во Вашингтон. Според претставниците на Стејт департментот, наводно зад тие написи стојат руски специјални служби. Во исто време, тој не презентираше конкретни докази.

Слични содржини