Стејт департментот повтори дека САД не поддржуваат никакви потези за промена на сегашниот статус на мостот во Косовска Митровица во овој момент, со оценка дека неговото отворање за сообраќај го зголемува потенцијалот за насилство и го става локалното население и војниците на КФОР на ризик, а меѓу нив има и Американци.
Вашингтон апелира до владата во Приштина „да не презема унилатерални и некоординирани потези и да го реши прашањето во дијалог под покровителство на ЕУ“, при што се нагласува дека тоа е ставот што САД го делат со партнерите од Квинта, ЕУ и НАТО“, пренесува Гласот на Америка.
„И тоа е позиција за која бевме јасни, и јавно и приватно“, соопшти Стејт департментот.