Стејт департментот ги повика семејствата на американските функционери да ја напуштат Белорусија

од Milan1
238 прегледи

САД ги повикаа семејствата на своите државни службеници во Белорусија да ја напуштат земјата, соопшти вчера Стејт департментот, откако се зголемија стравувањата од руска инвазија на соседна Украина.

Наредбата дојде неколку часа откако Вашингтон и Москва ги судрија ставовите околу Украина во Советот за безбедност на ОН и откако Вашингтон се закани дека ќе воведе санкции за богатите руски олигарси доколку поранешната советска држава биде нападната.

САД, исто така, ја обвинија Русија дека планира во следните неколку недели да го зголеми своето воено присуство на територијата на сојузникот Белорусија на 30.000 војници.

Стејт департментот „нареди заминување на членовите на семејствата на претставниците на американската Влада” од Белорусија, се наведува во соопштението.

Дипломатскиот сервис, исто така, ги предупреди Американците да не патуваат во Белорусија „поради произволното спроведување на законот, ризикот од притвор и невообичаеното и пренатрупано руско воено присуство на границата на Белорусија со Украина”.

 

Слични содржини