Стејт департментот ја поздрави вечерашната најава за потпишување договор со кој ќе се ослободи извозот на жито од опколените пристаништа на Црното Море, пренесува Ројтерс.
Стејт департментот додава дека Русија ќе биде одговорна за спроведувањето на договорот.
Малку порано од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопштија дека утре во 15 часот и 30 минути претставниците на Русија, Украина и Турција ќе се сретнат во Истанбул за да потпишат договор за предлогот на Обединетите нации, со кој би се ослободил извозот на жита од опколените црноморски пристаништа.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ќе присуствува на настанот во друштво на Ердоган.