Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена од Парламентот на Црна Гора.
„Позицијата на САД по ова прашање е долготрајна и непоколеблива. Тоа болно поглавје од европската историја никогаш не смее да се негира или заборави “, рече портпаролот на Стејт департментот, одговарајќи на прашање на Гласот на Америка, да даде коментар за усвојувањето на резолуцијата и смената на црногорскиот министер за правда Владимир Лепосавиќ.
Црногорскиот парламент во четвртокот усвои резолуција за Сребреница, со поддршка на опозициската ДПС на Мило Ѓукановиќ.
Резолуцијата остро го осудува геноцидот во Сребреница, тврди дека „повеќе од 8.000 цивили Бошњаци загинаа во геноцидот“, забранува јавно негирање на постоењето или намалувањето, а се прогласува 11 јули за Ден на сеќавање на жртвите на Сребреница, потсетува Танјуг.
Усвојувањето на Резолуцијата предизвика бурни реакции во регионот и беше остро осудено во Србија.