207
Стејт департментот ја одобри можната продажба на ракетите Стингер на Агенцијата за поддршка и набавка на НАТО (НСПА) за 780 милиони долари, соопшти денеска Пентагон.
Во соопштението на Пентагон се додава дека главни изведувачи се Raytheon и Lockheed Martin, пренесе Reuters.
„Стингер“ е американски пренослив систем за противвоздушна одбрана кој работи преку инфрацрвено наведување, а покрај САД, овие ракети ги користат уште 29 земји и неодреден број воени организации ширум светот.