Стејт департментот потврди дека во Советот за безбедност ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

од Симе Стоиков
196 прегледи

Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател потврди дека Вашингтон ќе стави вето на вечерашното гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации за барањето на Палестина за полноправно членство во Светската организација.

За време на брифингот со новинарите, Пател рече дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполнуваат критериумите неопходни за да бидат дефинирани како држава и истакна дека палестинската управа „мора да помине низ значајни реформи за да може да преземе државни обврски“.

Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден долго време се спротивставува на палестинските напори за еднострано обезбедување државност во ОН, тврдејќи дека целта треба да се постигне преку директни преговори со Израел.

Слични содржини