Стејт департментот повика на воздржаност во Ерменија

од Nikola Popovski
209 прегледи

Американскиот Стејт департмент денеска повика на воздржаност кон сите страни во Ерменија.

„Ги потсетуваме сите страни на основниот демократски принцип дека вооружените сили на државата не треба да интервенираат во внатрешната политика“, рече портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Денес ерменскиот премиер Никол Пашинијан побара од армијата да си ја заврши својата работа и да ги заштити границите на земјата, додавајќи дека граѓаните нема да дозволат воен удар.

Тој ѝ наредил на армијата да не учествува во политичките процеси и да им служи на народот и на владата избрана од народот.

Слични содржини