Познатиот американски актер Стенли Тучи, најпознат по улогите во филмовите „Ѓаволот носи Прада“ и „Игри на гладта“, неодамна откри дека пред три години му бил дијагностициран рак, што успешно го криеше од јавноста – до сега.
Тучи имал тумор на јазикот кој бил преголем за да се оперира, па морало да најде друго решение.
Имено, американскиот актер заминал на хемотерапија и зрачење, а неодамна призна дека е скептичен во врска со третманот.
Тој понатаму наведува дека причината за својата несигурност ја наоѓа во лошото искуство со хемотерапијата на неговата сопруга Кејт, која почина од рак на дојка во 2009 година.
„Мојот тумор беше премногу голем за операција, така што единствената опција беше честа хемотерапија и зрачење. Си ветив дека нема да поминам низ истите третмани како и мојата сопруга која почина од рак на дојка“, рекол тој во интервју за списанието „Вера“.
Тој, исто така, раскажа колку е тежок целиот процес на терапија за неговото семејство.
„Децата се однесуваа прекрасно, но целата ситуација им беше многу тешка. Ме хранеа со цевка шест месеци, а јас едвај бев во „добра“ физичка состојба за да дојдам на нивното дипломирање“, рекол актерот.
Ниту за него не било лесно, признава тој.
„Поради ракот, вие се плашите и повеќе и помалку во исто време. Се чувствувам многу постаро отколку што бев пред болеста, но сепак сакам да напредувам и да бидам со децата“, вели тој.
Неговиот рак во моментов е во фаза на ремисија, а актерот вели дека шансите тој да се врати се многу мали.