Стерјовски не успеа да обезбеди пратенички мандат во албанскиот парламент

од Берта Китинска
302 прегледи

Васил Стерјовски , лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) не успеа да обезбеди пратенички мандат на парламентарните избори, што се одржаа на 25 април во Албанија.

„На крајот од процесот на пребројување на гласовите на кандидатите за пратеници, сакам да им се заблагодарам на сите граѓани од округот Корча кои ме поддржаа и гласаа за мене на овие парламентарни избори. Благодарност и до сите Македонци од Албанија кои живеат и работат во Македонија и Грција, кои изразија желба на 25 април да дојдат и да гласаат за мене. За жал, Техничкиот комитет на експерти, во врска со мерките за заштита на населението за време на пандемијата со корона вирусот, четири дена пред изборите, воведе двенеделен карантин за секој што доаѓа од Македонија и Грција. Поради тоа, Македонците од овие држави немаа можност да дојдат во Република Албанија и да гласат за мене“, изјави Стерјовски.

Слични содржини