Стевановиќ не знае колкав е процентот на починати од Ковид во земјава

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Милена Стевановиќ, поранешната директорка на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби, како сведок на обвинителството, не знае колку лица починале од Ковид во Македонија. На денешното рочиште против Клиника Жан Митрев, Стевановиќ изјави дека нема официјална статистика за нејзината Клиника, односно уште ја чекала, а на државно ниво не знае колку е процентот на починати од Ковид. Не ѝ е познато колкав е процентот на смртност на Клиниката Жан Митрев. На директно прашање од Митрев поставено до неа, тој направи споредба дека на државно ниво смртноста е 51,6%, а на неговата Клиника 25%, таа Стевановиќ потврди дека некои методи меѓу кои и хемофилтрацијата се употребувале за бенефит на пациентите. Од сопствено искуство се црпеле податоци покрај праксата во светот.

Сведокот Стевановиќ не знаеше да каже и кои методи и како се користеле за лекување на ковид пациенти и за дел од нив воопшто и не се сеќава.

Адвокатот на обвинетиот ја потсети дека дала изјава дека имала сугестии дека на лекот Ивермектин треба да му се даде шанса, но Агенцијата за храна и лекови (ФДА) на САД кажала дека е лек за коњи и магариња и не треба да се дава на луѓе заболени од Ковид-19 вирусот.

Во однос на примената на хемофилтрацијата како метод за лекување на ковид пациенти, таа вели дека како член на Комисијата за заразни болести прочитала повеќе трудови иако не знаеше да даде бројка колку трудови има прочитано коишто се поврзани со хемофилтрацијата, вели дека има такви коишто даваат позитивно мислење за овој метод, до тој степен што и навистина вродиле со плод хемофилтрациите кај одреден број пациенти. Поранешната директорка не знаеше да каже од кога е одобрена методата и во кои случаи може да се применува.

Објасни дека една метода е рутинска кога се применува кај сите пациенти но одбегна да одговори на прашањето на одбраната дали ако хемофилтрација е применувана на 30% од пациентите дали таа метода е рутинска или не, исто од претходниот одговор беше јасно дека не е рутинска кога не се применува кај сите.

Слични содржини