Стевановски: Сајбер војната е помоќна од атомска бомба во 2022 година

од Маја Анчевска
588 прегледи

Сајбер војната во Украина многу информатичари ја нарекуваат: војна пред војната, а тоа произлегува врз основа на информациите со кои се располага во моментов, некои официјални, а други неофицијални, дека еден ден пред нападот во Украина, биле блокирани сите значајни Украински интернет страници односно интернет објави на: парламентот, Владата, Министерството за надворешни работи како и останати државни органи. Најверојатно станува збор за DDos напади односно (Distributed Denial of Service), напади кои се извршуваат врз сервисите преку кои се оневозможува користење на истите од страна на корисниците, вели во разговор за „Локално“,професор и научен истражувач,  д-р Маријан Стевановски.

Според професорот како што бил  извршен напад во  2017 година врз Украина, при што малициозни дејства предизвикале големи штети врз компјутерските системи и денеска е откриен кога државата се соочуваа и со вистинска војна.

 – Според оние информации до кои можеме да дојдеме во моментот, на Украинските компјутерски системи е откриено постоење на Wiper software, односно програми кои несметано, скриено уништуваат голема количина на податоци и информации, вели Стевановски.

Професорот вели дека до 26 февруари, неофицијално, биле блокирани повеќе интернет страници на Руската влада, кога наводно Украина добила помош за дигитална војна.

– Како што се дознава, неофицијално, Украинската влада веќе има добиено помош од Анонимус, глобален хакерски колектив, кој всушност на Русија и објавува дигитална војна, додава тој.

Во однос дали сајбер напади навистина да делуваат врз исходот на војната, професорот  смета дека  станува збор за вистинска војна, а не за сајбер војна. Тоа се разбира е голема разлика која дава поинаква диферентност на настаните.

– Свен Хеппинг од фондацијата логично кажува, а ќе си земам за право да ја цитирам таа изјава: „Ние овдека зборуваме за воени дејствија во кои луѓето умираат. Доколку некој сега изврши кражба на податоци од пример Руското Министерство за одбрана-не сум сигурен дека таа кражба ќе ја реши војната“, тврди Стевановски.

Професорот потенцира дека сајбер војната претстаува форма на информациско војување кое се состои од низа превземени дејства со цел да се изврши прекинување или уништување на информациските и комуникациските системи на непријателот, па од тука дури е помоќна од воените оружја.

– Во многу слободни толкувања сајбер војната е појава која е помоќна од атомската бомба во 2022 година. Сајбер војната е офанзивна или одбрамбена употреба на сајбер оружје и информации иницирани или организирани од државни актери со цел да се изврши уништување или онеспособување на непријателска цел со директна акција на информациски системи и индиректна акција врз: системите, ресурсите, услугите, процесите, општеството и поединциите кои зависат од тие информации, вели Стевановски.

Тој укажува дека Сајбер нападите можат да делуваат кон погрешно донесување на одлуки затоа што  со овие напади информационите системи стануваат неупотребливи, деградирани и девијантни.

– Сајбер војната е еден вид непријателска активност превземена против компјутерските мрежи, компјутерските системи и бази на податоци со цел да се деградираат или уништат целните системи. Крајната цел на сајбер напади се победа или информациска контрола на противникот, констатира Стевановски.

Сепак, во меѓународната заедница не постои консензус за сајбер оружјето, а професорот додава дека најранливи се најразвиени земји.

– Јуџин Касперски, директор и основач на истоимената Руска компнија, смета дека спротивно на конвенционалното војување, најразвиените земји се најранливи во сајбер просторот, што е и логична констатација. Без оглед на софтверот: бришење на податоци (Wiper), кражба на податоците (Dugu), манипулација со податоците (Dkom), крајната цел на малициозниот софтвер е контрола врз инфорамциите. Целта на контролата е да се добие и да се искористи информациската предност, крајната цел на малициозниот софтвер е контрола врз инфорамциите. Целта на контролата е да се добие и да се искористи информациската предност, заклучува Стевановски.

Според професорот сајбер напади врз Владата и МНР во С. Македонија, не би требале да имаат растечки тренд од причина што нашата држава директно не е инволвирана во војната, иако се разбира сме членка на НАТО.

– Приоритетите во однос на сајбер нападите претпоставувам дека се поинакви и насочени кон некои поголеми воени „сцени“. Сепак, треба да имаме во предвид дека се е можно во сајбер просторот. Претпоставувам дека надлежните органи задолжени за спречување и контролирање на сајбер нападите имаат во предвид се онаа што како настан се случува во сајбер просторот. Исто така мислам дека надлежните институции ги следат сите случувања кои непосредно се поврзани со настаните што доведува до заклучок дека превентивното дејствување е априори фактор во системот на заштита. Иако идеална заштита не постои сепак системот на заштитата треба да функционира. Алгоритмот и системите за заштита се: применливи, докажани и апстрахирани.

Секогаш по извршувањето на нападите се поставува прашањето: Како до поголема заштита? Одговорот на оваа прашање според Стевановски, треба да се побара во регулирање на шест подрачја.

–  Се разбира кон оваа се надоврзува воведување на законските рамки и политики кои го регулираат оваа прашање; такви законски рамки постојат во нашиот правен систем. Тука спаѓаат: Добро управување со секторот на безбеддноста и примената на сајбер просторот, Врската помеѓу сајбер просторот и сајбер безбедноста и управување со секторот на безбедност, меѓународни и регионални правни рамки кои можат да бидат применливи во сајбер просоторот, примена на меѓународни и регионални стандарди, создавање на национална стратегија за сајбер безбедност и промовирање на успешна соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор во сајбер просторот.

Стевановски потенцира дека во нашата држава постои национална стратегија за сајбер безбедност која е донесена и важи за временски период од  2018 -2022 год.

– Оваа стратегија има за цел да изврши зајакнување на националните капацитети за справување со сајбер закани и подобрувањето на сајбер безбедноста на национално ниво. Многу добро осмислен документ, но се разбира истиот треба да биде применуван. Било каква примена мора да биде надополнета со еден факт, идеална сајбер заштита не постои, додава професорот.

M.A.

Слични содржини